Прејди на содржината

Драч

Координати: 41°18′48″N 19°26′45″E / 41.31333°N 19.44583°E / 41.31333; 19.44583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драч
Durrës
град
Панорама на Драч
Албанскиот колеџ
Црквата „Св. Астиј и апостол Павле“
Амфитеатарот
Плоштадот „Илирија“
ДржаваАлбанија
РегионСеверна Албанија
ОкругДрач
Основан7 век п.н.е.
Површина
 • Површина39,81 км2 (1,537 ми2)
Надм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2023)[1]
 • Население101,728
 • Население густина2,555/км2 (6,62/ми2)
ДемонимДрачанец, Драчанка (албански: Durrsak (м), Durrsake (ж))
Час. појасСЕВ (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+02:00)
Поштенски број2000
Повикувачки број+355 (0) 52
ПристаништеПристаниште Драч
Автопатишта
Регистарска табличкаDR
Мреж. местоdurres.gov.al

Драч (албански: Durrës, италијански: Durazzo; некогаш: Дрча) — приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а се уште има и извесен број етничко македонско население.

Историја

[уреди | уреди извор]
Амфитеатарот во Драч бил изграден во 2 век.

Драч бил основан под името Епидамнос, од страна на грчките колонисти од Коринт и Крф во 627 година п.н.е. Од 229 г. п.н.е. потпаднал под власт на Римјаните кои му го дале името Дирахиум (Dyrrhachium) и изградиле пат до Солун, кој подоцна бил продолжен до Константинопол.

Градот под римска управа напредувал како значајно трговско пристаништно средиште. Околу 430 година, тука бил роден царот Анастасиј I. За време на преселбата на народите бил изложен на упади од страна на варварите, но сепак останал под управа на Римската Империја.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Census of Population and Housing“. Institute of Statistics Albania.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Sedlar, Jean W. (2013). East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500. University of Washington Press. ISBN 9780295800646.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]