Прејди на содржината

Констабл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Констаблите од Глазгов апсат бунтовник, 1919 г.

Констабл (англиски: constable) — администрати��на положба во земјите од англоговорно подрачје, обично во полициските служби. Во современо Обединето Кралство, САД, Канада, Нов Зеланд и на други места, констаблот е најнискиот полициски чин. Во Франција постоело звањето конетабл (фр. connétable), кој бил главен воен заповедник.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Англија, улогата на констабл постоела за време на владеењето на Хенри I (1100 — 1135) и била слична на положбата staller пред Норманското освојување. Констаблите и маршалите ја воделе војската, а тие што биле одговорни за гарнизоните и воените пунктови исто се нарекувале констабли. Тие често дејствувале како судии, помагајќи им на шерифите да го спроведат законот.

Во средновековието, констаблите биле селски старешини одговорни за одржување на редот. Во градовите, тие биле избирани во црковните парохии. Обично, луѓето избирале нов констабл секој јануари, иако некои служеле две години. Винчестерскиот статут од 1285 г. барал констаблите да собираат казни, да им помагаат на сиромашните, да поправаат патишта и да се осигураат дека селаните имаат оружја за воена служба.

До крајот на XVI век, констаблите исто така собирале даноци. Со оглед на тоа што работата била неплатена, малкумина ја посакувале, па често одела кај наемателите што наместо да плаќаат кирија, работеле како констабли.

Денес, лордовите констабли во Обединетото Кралство се назначени само за крунисување.[1]

  1. „Constable“. Britannica (англиски). Архивирано од изворникот 2018-09-12. Посетено на 2023-12-16.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]