Параналска опсерваторија
Параналска опсерваторија | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Единици на Многу големиот телескоп на ридот Паранал | |||||||||||
Организација | Европска јужна опсерваторија | ||||||||||
Код | 309 | ||||||||||
Место | ридот Паранал, Чиле | ||||||||||
Координати | |||||||||||
Надм. висина | 2.635 м | ||||||||||
Портал ESO - VLT | |||||||||||
|
Параналска опсерваторија — астрономска опсерваторија на ридот Паранал, 120 км јужно од градот Антофагаста, Чиле. Сместена е на надморска височина од 2.635 м и ја опслужува Европската јужна опсерваторија. Најголемиот телескоп е наречен Многу голем телескоп (VLT) и е составен од четири посебни телескопи со пречник од 8,2 м. Покрај ова, со заедничко сосредочување на нивната светлина, четирите телескопи сочинуваат петти инструмент, наречен Интерферометар на Многу големиот телескоп (Very Large Telescope Interferometer, VLTI). Во состав на VLTI (1,8 м) влегуваат и четири помошни телескопи за да може да работи кога главните телескопи се зафатени.
Во комплексот се наоѓа и Извиден телескоп на VLT (VLT Survey Telescope) со пречник од 2,6 м, како и телескопот VISTA со пречник од 4,0 м и пошироки видни полиња за рамномерно извидување на големи небесни подрачја.
Телескопи
[уреди | уреди извор]Многу голем телескоп
[уреди | уреди извор]Многу големиот телескоп (Very Large Telescope, VLT) се состои од четири телескопи со пречник од 8,2 м што работат на видлива и инфрацрвена светлина. Овие, заедно со помалите помошни телескопи, се здружуваат и се создава оптички интерферометар извесни ноќи од годината. Сите телескопи со пречник од 8,2 м имаат адаптивна оптика и целосен прибор од инструменти.
Извиден телескоп VISTA
[уреди | уреди извор]VISTA (Visible & Infrared Survey Telescope for Astronomy, „Телескоп за видливо и инфрацрвено астрономско извидување“) телескоп со пречник од 4,0 м и широко видно поле, чоја особена задача е да прави инфрарвени извидувања на небото. Изграден е блиску до VLT со здружени напори на 18 британски универзитети под водство на Лондонскиот универзитет „Кралица Марија“. Отворен е во декември 2009 г.
Извиден телескоп на VLT (VST)
[уреди | уреди извор]Извидниот телескоп на VLT (VLT Survey Telescope, VST) е телескоп со пречник од 2,6 м и широкополски снимач предвиден како помагало на VLT.
Други објекти
[уреди | уреди извор]Покрај телескопите, контролните објекти и помошните згради, Параналската опсерваторија има и живеалиштен дел наречен „ЕСО Хотел“ (ESO Hotel), каде е сместен научниот кадар и гостите. Оддалечен е на 3 км од телескопите и лежи на место 200 м пониско од нив. Половина од живеалиштниот дел е вграден во самата планина, а бетонските делови се обоени за да се вклопуваат во околните предели. Покрај станови, во него има вежбалница, базен, ресторан и две градини. Украсувач на градбата е чиленаскиоот архитект Паула Гутјерез Ерландсен, Маркиза од Пика.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Главен приод кон опсерваторијаа
-
Опсерваторијата и живеалиштата
-
Воздушен поглед
-
Опсерваториската платформа
-
Инструменти
-
Платформата на квечерина
-
Поглед на средиштето на Млечниот Пат со ласерска водилка
-
Забрзана ноќна снимка на опсеравторијата. Во средината најгоре се забележуваат Магелановите Облаци
Поврзано
[уреди | уреди извор]![]() |
„Параналска опсерваторија“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Paula Gutiérrez Erlandsen - Historia“. Архивирано од изворникот на 2018-03-20. Посетено на 2014-12-31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Европска јужна опсерваторија (ESO) (англиски)
- Интерферометрија — ESO (англиски)