Прејди на содржината

SIMBAD

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсерваторија во Стразбур

SIMBAD (кратенка од „Set of Identifications, Measurements, and Bibliography for Astronomical Data“, односно „Збир на идентификации, димензии и библиографија за астрономските податоци“) — астрономска база на податоци за објектите надвор од сончевиот Систем. Оваа база на податоци ја одржува Центарот за астрономски податоци (CDS) во Стразбур, Франција.

SIMBAD е создаден со спојување на Каталогот на ѕвездената идентификација (CSI) и Индексот на библиографија на ѕвездите кои постојат во информатичкиот центар Медон, Франција, од 1979 година, а подоцна се проширени со дополнителни извори на податоци од други каталози и од академската литература. Првата интерактивна семрежна верзија, позната како Верзија 2, создадена е за користење во 1981 година. Верзија 3, создадена во програмскиот јазик C, пуштена е во опсерваторијата Стразбур во 1990 година. Есента 2006 година се појави Верзија 4, заедно со програмска опрема за поддршка, овој пат создаден во прог��амскиот јазик Јава.

Од 14 јуни 2007 г., SIMBAD содржи информации за 3.824.195 објекти со 11.200.785 различни имиња, 209.451 библиографски наводи, и 5.455.841 библиографски наводи.

Астероидот 4692 SIMBAD (1983 VM7) е наречен во негова чест.

Поврзано =

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]